Целта на предлог-резолуцијата е јасна – дефинирање на заедничките црвени линии и надминување на поделбите во општеството.
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче реагираше на изјавите на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ оти резолуцијата била ново предавство.
„Се што предложивме е Резолуција за која требаше да има национална обединување. Таму се заедничките црвени линии. Ајде да го направиме тоа заедно, во интерес на сите граѓани. Граѓаните сакаат да видат на Македонија како напредува во Европа“, рече Филипче.
Тој потсети дека и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат истите ставови за националниот идентитет, кои СДСМ сега ги нуди како основа за заедничка резолуција.
„Јасно се дефинирани црвените линии. Дополнително на тоа, такви црвени линии има и во програмата на ВМРО ДПМНЕ 1198. Еве што пишува: Македонскиот многувековен идентитет, јазик, посебност, култура, обичај, традиција и херои не сме да бидат дел од било какви политички преговори. Кажете ми што е разликата? “, потсети тој.
Филипче оцени дека се тоа што прави ВМРО-ДПМНЕ е само еден голем спин. Само алиби да нешто не се направи и државата да стои во место. Да не се продолжат преговорите, да не се направи мерка во интерес на граѓаните.
„Така не се води држава, извинете“, порача на крајот Филипче.

