Претседателот на СДСМ на денешната прес-конференција кажа дека ќе достави резолуција до Собранието со која би се спречило носење на мигранти во Македонија. Според него, СДСМ не лаже, туку ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека планираат и голем сенароден протест.
„Од Собранието ќе бараме да се изгласа резолуција за ова да го запреме. Ако не се прифати резолуцијата, еден од начините да се бориме е да повикаме на голем народен протест, силни обединети против носење на мигранти во Македонија“, рече Филипче.
Тој рече дека нивни извори од Британија им кажале дека Владата дала потврда за примање на мигранти во Македнија.
„Од наши извори во Британија веќе знаеме дека Владата дала веќе потврда за ова да се случува. Ќе подготвиме резолуција со Собрание, а следниот чекор ќе биде да излеземе на протести“, додаде Филипче.

