Филипче: И сам човек на улица ќе мора да носи маска, ќе се редуцира бројот на патници во јавниот превоз

Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од Ковид 19 кој е во пораст.

Ограничување на бројот на лица на маса во угостителските објекти и за групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавен превоз и задолжително носење маска на отворено дури и кога сам човек се движи, се мерките кои се планира да се воведат ако се оцени дека трансимисијата на ковид-19 е неконтролирана, најави денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според министерот, семејните прослави, свадби кои се забранети, и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на ковид-19 и зголемениот број новозаболени пациенти и смртни случаи.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

– Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега