Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма, истакна Филипче.
Филипче смета дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат.
- Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак
- Мицкоски: Образованието не е трошок, туку најсилна инвестиција во иднината на државата
- Петрушевски: СДС и ДУИ му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Дака
- Кузеска: Ленче Ристовска е елиминирана за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора
- Хаос во Франција: Стотици бензински пумпи останаа без гориво, цените соборија историски рекорди
- „Расадник“ станува модерна атракција: Кисела Вода добива нов плоштад со светлечка фонтана и травертин
- Јанчев најави нов кружен тек во Кавадарци: „Лидл“ донира за модерен сообраќај кај комплексот „Литл Америка“

