Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на обраќањето на 31. Конгрес на партијата, рече дека Македонија е втурната во изолација и ставена во зависна позиција од авторитарни режими на Балканот.

Актуелната власт ја оддалечува Македонија од демократскиот свет и ја врзува за центри на моќ кои работат спротивно на европските вредности.
„И што добивме? Добивме влада која е целосно потчинета, уценета и купена со кеш и проекти од Вучиќ и Орбан. Ја сведоа државата на последната дупка на Балканот со премиер кој не смее потпис да стави на ниедна одлука без одобрување од неговите газди. Сега кој вистински нема кичма, како што љуби Христијан да каже? Оние кои носеа државнички одлуки за европска Македонија или оние кои станаа подизведувачи на авторитарните влади на Балканот? Нивниот единствен план е да нè држат во калта на Балканот, за да можат да владеат без правила, без европски судови, без контрола, посочи Филипче.
Тој потенцираше дека Македонија е во дипломатска изолација, европскиот патот е блокиран, а власта немаат план.
„Европа нè отпиша, а Америка не нè запишува. Наместо во периметарот на САД, со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа. Вакво дипломатско лудило и конфузија не се оправдува. Ова е предавство на националните интереси.“, порача Филипче


Претседателот на СДСМ нагласи дека ваквата политика не е случајна, туку дел од јасна оска која ја врзува Македонија за антиевропски и проруски центри на моќ, со сериозни последици по иднината и безбедноста на државата.


„Прво, ја откривме оската со Србија и Унгарија. Сојузот со Орбан и Вучиќ каде што се застапуваат антиевропски и поддржуваат проруски ставови што не доведоа до тоа да сме до листата на Америка со земји од третиот свет. Второ, намерно поради внатрешна кампања ги продлабочија врските со десничарските антиевропски лидери и се покренаа спорови со нашите соседи, ризикувајќи ја европската интеграција за домашна моќ и пари. Трето, таа оска ги штити интересите на Москва, на Балканот со инвестиции што не врзуваат за авторитарните режими. Ова е предавство на националните интереси. Вакво предавство ќе памтат многу следни генерации.“, порача Филипче.

Exit mobile version