„ Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО. Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи. Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата. Албанија (49 милиони €) за бизнис конкурентност и иновации. Црна Гора (44,2 милиони €) за истражување и иновации. Ова е само една транша од многу, а ние требаше да добиеме многу повеќе (околу 200 милиони €) Парите се performance-based – добиваш колку што ќе направиш во конкретната област. ВМРО со ова им ги мачка очите на граѓаните за да не признаат дека најважните реформи (владеење на правото, борба против корупција, судство) стојат во место. Ова не е знак за успех во реформите, туку знак дека реализирале само неколку проекти во одредена област. Следната транша може да биде значително помала, или воопшто да ја нема, доколку не започнат со сериозни промени.„, напиша Венко Филипче на Твитер.
Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО.
— Venko Filipce (@VFilipche) May 21, 2026
Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи.
Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата.
Албанија (49 милиони… pic.twitter.com/oGGnuIiVVx


