Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека народот овие две години, со ВМРО-ОКГ на власт, е на раб на егзистенција, сè е поскапено, а платите се најниски во Европа. Филипче посочи дека, во услови на секојдневни ценовни шокови, власта не презема никакви мерки, ниту, пак, има најави дека ќе преземе нешто за заштита на стандардот на граѓаните.

„Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат. Се зголеми цената на парното, повторно се зголемија горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории граѓани, поскапе данокот на имот, сè е поскапено, но платите стагнираат. Луѓето се на работ на егзистенцијата“, рече Филипче.


Тој додаде дека сите лаги на Мицкоски и ВМРО за наводниот економски напредок пропаднаа, а реалноста што ја живеат македонските граѓани ја потврди и Евростат.


„Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега Евростат го потврди тоа. Последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, ниту најави што тоа ќе го коригираат“, рече Филипче.

Exit mobile version