Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, посочи дека предлог-програмата што ја презентира на вечерашниот Централен одбор на партијата доаѓа ги содржи идните политики и мерки на СДСМ за граѓаните.

„Основата за оваа предлог-програма доаѓа од стручните комисии на партијата и процесот на финализација на програмата ќе заврши на 7 јуни со програмски Конгрес, на којшто програмата треба да се усвои. Притоа, пред Конгресот, односно на 6 јуни, ќе се одржи меѓународен состанок со сестринските партии од регионот, на којшто ќе потпишеме заедничка декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека Конгресот ќе биде посветен единствено на новата програма бидејќи станува збор за предизвици со коишто се соочуваат сите наши сестрински социјалдемократски партии од регионот.

Exit mobile version