Филипче: Денеска пет починати- загрижува последниот тренд на поголем број на смртни случаи од Ковид-19

Министерот за здравство,Венко Филипче, при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека загрижува последниот тренд на поголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Македонија на дневна основа.

- Околу пет за жал починати пациенти се во последните 24 часа, информација што ја добив тукушто. Се работи за болест во тешка клиничка форма. За сите се превзема се, а дел од младите починати претходно се со сериозни коморбидитети кои ја намалуваат шансата за преживување. Правиме анализа во моментов зошто имаме по осум смртни случаи дневно. Не сакаме да имаме преполни болници. Анализата ќе заврши во понеделник и ќе кажеме на што се должи тоа, рече Филипче во Чаир.

Тој наведе дека тоа е така затоа што секаде каде што има позитивни случаи, излегува дека таму мерките најмногу  не се почитуваат и дека само со придржување на мерките може да излеземе од кризата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега