Филипче: Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство

Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека битно е што ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука и добар план направиле.

– Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме да и тука интервенираме во дел на тоа како се организира наставата, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола.

28.07.2021 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега