„Фејсбук“ повторно со проблеми, насекаде се појавуваат спам коментари за познати личности
Илјадници корисници на „Фејсбук“ информираат дека нивниот ‘њусфид’ изгледа многу чудно утрово, а многу корисници пријавиле дека нивниот профил е хакиран или дека не можат да пристапат до својот профил.
Корисниците на Фејсбук на оваа и на други социјални мрежи пишуваат дека нивниот њусфид утрово бил преплавен со стотици објави од непознати луѓе и никој не разбира што се случува.
На корисниците на Фејсбук утрово им се прикажува што објавуваат непознати луѓе на страниците на познати личности како Тејлор Свифт, Еминем или Гордон Ремзи. Така, корисниците утрово на својот „њусфид“ гледаат што екипа од Африка или Индија објавува на страниците на познатите личности.
„Фејсбук“ не се огласи за да го објасни проблемот, но „Твитер“ е преполн со објави од луѓе кои се обидуваат да дешифрираат што се случува на „Фејсбук“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа