Фејсбук го укинува системот за препознавање лица

 

Фејсбук денеска соопшти дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија.


– Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија, напиша на блог Џером Песенти, потпретседател на Фејсбук задолжен за вештачка интелигенција. „Поради оваа постојана неизвесност, веруваме дека е соодветно ограничувањето на употребата на препознавање на лица”.


Компанијата, која минатата недела го смени своето име во Мета платформи, соопшти дека повеќе од една третина од дневните активни корисници на Фејсбук ја вклучиле поставката за препознавање лица, а промената сега ќе ги избрише „шаблоните за препознавање лице” на повеќе од милијарда луѓе.

Отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември, изјави портпарол на Фејсбук.

02.11.2021 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега