Close Menu
Press24
    Најново

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт

    Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт

    25.08.2026 во 21:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот украински министер за одбрана Михаил Федоров денеска оцени дека Украина се чини оти постепено ја губи војната против Русија и предупреди дека Киев има само неколку месеци за да донесе клучни одлуки со кои би можел да го промени текот на конфликтот.

    Федоров, чие разрешување по падот на владата на Јулија Свириденко предизвика повеќенеделни протести во повеќе украински градови, во интервју за „Ројтерс“ рече дека на Киев му недостасува сеопфатна визија за тоа како да ја добие четиригодишната војна со Русија.

    Според него, Украина дополнително ја ограничуваат вкоренетата корупција, мрежите на политичко покровителство и недостигот од политичка независност во државните институции.

    „Мислам дека сега дојде пресвртница која ќе ја одреди нашата иднина, но изгледа дека постепено, полека губиме“, рече Федоров.

    Сепак, тој оцени дека Украина сè уште има „сите шанси“ за победа, но дека итно ѝ е потребен конкретен план за завршување на војната.

    Федоров (35) како клучни елементи за промена на текот на конфликтот ги посочи развојот на автономни дронови управувани со вештачка интелигенција, евтини пресретнувачки ракети за одбрана од руските воздушни напади и украинската програма за балистички ракети.

    Тој смета дека линијата на фронтот би можела да биде опремена со мрежа од електронски сензори за откривање на непријателските сили, комбинирани со копнени и воздушни дронови. На тој начин, според него, би се намалило присуството на луѓе директно на линијата на фронтот.

    „Веќе постојат технологии кои би можеле целосно да ги запрат Русите, но нашето отсуство на визија… значи дека не ги применуваме“, истакна Федоров.

    Тој ја критикуваше и неефикасноста на украинските државни институции, оценувајќи дека државата во моментов функционира со „пет отсто ефикасност“.

    Федоров беше разрешен само шест месеци откако беше именуван за министер за одбрана. За време на мандатот започна реформи во системот на воени набавки и мобилизацијата, што го доведоа во конфликт со делови од воениот естаблишмент и неговите политички ривали.

    Минатата недела Федоров дополнително ја привлече украинската јавност, откако стана првата позначајна политичка фигура која јавно повика на одржување избори за време на војната.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека по падот на владата на Свириденко на Федоров му понудил неколку функции, но не и местото министер за одбрана. Федоров ја одбил понудата, пренесува Танјуг.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.