Фаучи за навредите на Трамп: Ништо лично, строго деловно

 

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи рече дека тој само сака да си ја заврши работата и да биде фокусиран на здравјето на луѓето во САД. Ова уследи по нападите и навредите од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Прашан дали некогаш сакал да ја напушти својата улога во Белата Куќа, Фаучи одговори со цитат од филмот „Кум“.

-Зависи дали ќе го сфатиш лично. Јас се фокусирам целосно на здравјето и благосостојбата на луѓето во оваа земја. Јас на тоа посветив 50 години од мојата кариера и тоа е единственото нешто за што навистина се грижам. Остатокот, што се однесува до мене, е како во „Кум“: „Ништо лично, строго деловно “- рече Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

За време на повикот за кампањата, претседателот Трамп рече дека луѓето се уморни од слушање за пандемијата на коронавирус и го критикуваше Фаучи, нарекувајќи го „катастрофа“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега