Фаучи објави колкави се шансите на Трамп со коронавирусот
Истакнатиот австралиски експерт за коронавирус, докторот Норман Свон се огласи по веста дека Доналд Трамп е заразен со ковид-19 со проценка за ризикот.
Познатиот доктор, кој често го нарекуваат „австралискиот доктор Фаучи“, по главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, ги зема во предвид годините на американскиот претседател и неговата здравствена состојба. Тој вели дека во 74-тата година стапката на смртност од коронавирусот изнесува меѓу пет и 12 отсто, пренесува Блиц.
Меѓутоа, тој додава дека прекумерната тежина на Трамп го зголемува ризикот за додатни 40 отсто, па во таа ситуација ризикот од смрт од коронавирусот изнесува меѓу седум и 18 отсто, пишува Гардијан.
Утринава Трамп на Твитер објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот.
Се огласи и лекарот на Трамп кој порача дека претседателот се чувствува добро и дека ќе продоли да ги извршува своите должности од самоизолација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа