Вчера во 16:00 часот во атар на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишија од слобода Е.Б.(46) од село Горно Оризари, велешко и С.С.(29) од село Клуковец, велешко.
Имено, при преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети.
Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- (ВИДЕО) Ужасни снимки: Дрон го погоди меѓународниот аеродром во Кувајт, има повредени
- Мицкоски утре во Крива Паланка: Се пушта во употреба реконструираната обиколница
- (ВИДЕО) Дубаи во пламен: Ирански ракети го погодија центарот на градот, хотелите во пламен
- Пролетта ни доаѓа порано од очекуваното, еве што велат експертите
- Приведен скопјанец: Во неговиот автомобил пронајдени две малолетнички
- (ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илијадници патници
- Ужас во Карпош: 16-годишна малолетничка пронајдена во бессознание, она што го пронајде полицијата кај неа е загрижувачки
- Иран ги објави целите на нападот: Ракетирани американски бази во пет држави и Израел
