Вчера во 17:25 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од с.Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ.
Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П го управувал и при извршен преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација.
Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Актуелно
- Се укинуваат функции во ВМРО-ДПМНЕ: Сите потпретседатели на партијата ќе бидат предложени за нови членови на ИК
- Мицкоски за големата акција на МВР: Ќе се запленат десетици тони дрога
- Мицкоски по средбата со синдикатите: На маса е покачување на платите на административците за 40%
- Затвореничките списоци се кратат: Нова „трампа“ меѓу Русија и Украина под надзор на меѓународна лупа
- Нема веќе евтин паркинг за градската администрација: И тие ќе си плаќаат 1.400 денари за паркинг
- Смарт зелениот бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари
- Иранска акција во Заливот: Запленети два танкери со милион литри „шверцувана“ нафта
- Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

