Фатен и вториот „балист“ кој го симна знамето на МПЦ-ОА и постави знаме на Албанија
Полициски службеници извршиле службен разговор и со вториот осомничен за инцидентот кој завчера се случи во манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка.
-Денеска во СВР Тетово е извршен службен разговор со 23-годишниот Б.Л. од тетовска Мала Речица, кај е второто лице осомничено за симнувањето на знамето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија од јарболот на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка и поставување на знамето на Република Албанија. По документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Завчера попладнето две лица од тетовска Мала Речица го симнаа знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и го заменија со знаме на Република Албанија. Двете лица облечени во облека со обележја на навивачката група „Балисти“ од Тетово објавија видео и фотографија на социјалните мрежи.
Според информации на Прес24, двете лица ќе треба да одговараат кривично по членост 319, односно за односно за разгорување на расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, за што е предвидена казна затвор од една до пет години.
Ова предизвика низа реакции во јавноста, особено што пред извесно време во фокус беше поставувањето на крст во црковниот двор. Политичари од албанскиот политички блок, и особено тетовскиот градоначалник, Биљал Касами остро реагираше на поставувањето на црковното обележје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа