Двајца државјани на Турција се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Деве Баир, откако полицијата открила дека поседуваат фалсификувани документи за нивните возила. И двајцата возачи се приведени на влез во државата во интервал од само триесетина минути.
На 25.03.2026 во 12:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Б.О.(37) од Турција затоа што при гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „форд“ со полуприколка, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 25.03.2026 во 11:45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода O.A.(37) од Турција затоа што при гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „форд“ со полуприколка, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

