Фајзер ја „скара“ Европската унија

Расте незадоволството во Европската унија откако компанијата „Фајзер“ неделава испорача два пати помала количина на вакцини против Ковид-19 во некои членки на ЕУ.

Оваа недела и Романија ќе добие 50 отсто од планираната количина. Испораката на вакцините ќе оди достапно, за дури на крајот на март оваа земја да ги добие договорените количини.

Слична е ситуацијата и во Полска која во понеделникот доби 176.000 дози што е половина од договорената количина.

Чешката влада заради проблеми со набавка исто така ја забавува кампањата за вакцинација.

-Мораме да очекуваме дека ќе има намалување на бројот на вакцинации во наредните три недели, рекол министерот за здравство Јан Блатни.

Испораката на вакцини од Фајзер ќе биде намалена за 15 отсто оваа недела, а следната за 30 проценти.

Фајзер соопшти дека ќе ги надокнади дозите кои недостасуваат за Бугарија и Полска.

Италија во средата се закани дека ќе ја тужи компанијата Фајзер. Унгарија денеска издаде прелиминарно одобрување за користење на вакцините против коронавирус на Астразенека и руската вакцина „Спутник V“, а од Будимпешта повикуваат Брисел да влијае за Фајзер да се придржува до планот на испорака.

„Би биле задоволни ако Европската комисија преземе чекори за што побрзо да осигура дека Фајзер и другите производители не ја изменуваат количината на испораки“, рекол шефот на кабинетот на премиерот Гергели Гуљаш.

Проблеми заради намалена испорака на вакцини од Фајзер имаат и Канада и Швајцарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега