Европска регионална конференција на Интерпол за прв пат ќе се одржи во Македонија

 

Владата денес на седница ја разгледа и усвои и информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид.

Ова е за првпат досега, да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

Министерството за внатрешни работи, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, при тоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан.

21.03.2023 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега