Во масивна меѓународна операција координирана од Европол, разбиена е голема мрежа за измами со криптовалути, одговорна за перење на повеќе од 700 милиони евра. Акцијата се одвиваше во две координирани фази во неколку европски земји и Израел.

Криминалната мрежа намамила илјадници жртви преку лажни инвестициски платформи за криптовалути, користејќи софистицирани реклами. Операторите на кол-центрите потоа користеле социјално инженерство за да ги убедат жртвите да депонираат дополнителни средства, прикажувајќи им лажни приноси на платформите.

„Откако жртвите ќе ги префрлеле своите криптовалути, парите биле украдени и перени преку сложен систем од различни блокчејни и берзи,“ се вели во соопштението на Европол.

Две фази на операцијата:

  1. Прва фаза (27 октомври): Извршени се координирани рации во Кипар, Германија и Шпанија, при што биле уапсени девет лица под сомнение за перење приноси од криминал. Запленети се средства во вредност од милиони евра, вклучувајќи 800.000 евра на сметки, 415.000 евра во криптовалути и 300.000 евра во готово.
  2. Втора фаза (25 и 26 ноември): Удар врз маркетиншката инфраструктура што ја поддржувала измамата. Преземени се мерки против компании и поединци одговорни за измамнички рекламни кампањи на социјалните медиуми, честопати користејќи дипфејк (deep fake) видеа со познати личности и политичари. Претреси беа извршени во Белгија, Бугарија, Германија и Израел.

Преперени 700 милиони евра:

Истрагата открила дека над 700 милиони евра биле испрани преку сложен лавиринт на криптовалутни берзи. Европол одигра централна улога во координацијата, логистичката поддршка и анализата на податоците за следење на движењето на нелегалните средства.

Exit mobile version