Амбасадорот на Европска Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе престојува во Прилеп, во рамки на иницијатива насочена кон подобро информирање на јавноста и приближување на европските политики и интегративниот процес до локалните заедници.
Агендата предвидува средба со градоначалникот Дејан Проданоски, по што ќе се одржи состанок и со членовите на Општинскиот совет. Разговорите ќе се фокусираат на придобивките од членството во ЕУ и на конкретните ефекти од европската поддршка врз секојдневието на граѓаните во регионот.
За време на посетата, амбасадорот ќе се сретне и со претставници на граѓанскиот сектор, како и со Младинскиот совет при Општина Прилеп.


