ЕВН со спротивен став, од оној на МВР: Нема приватни броила во ГТЦ

 

Од ЕВН, за „Плусинфо“ изјавиле дека делот на мрежата кој бил во нивна сопственост, уредно ја регистрирал и фактурирал потрошувачката на ГТЦ.

„Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија“, велат од компанијата за порталот.

Електродистрибутерот ЕВН, за порталот објаснил дека ЕВН носи струја до главната трафостаница на Градскиот трговски центар, а самиот ГТЦ потоа ја распределува електричната енергија до сопствениците и до закупниците на деловен и магацински простор.

Министерството за внатрешни работи, пак, вчера по акцијата за откривање кражба на струја поради копање крипто валути, соопшти дека во подрумските простории на ГТЦ не се краде струја. Оттаму велат дека се извршени разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што полицијата утврдила дека за броилата за кои вели дека се во приватна сопственост, не е утврдена каква било кражба на електрична енергија.

Во конкретниот случај, ГТЦ поседува свои приватни трафостаници, а Електродистрибуција врши мерење на потрошувачка на среден напон, односно на 10кВ. Ова значи дека делот на мрежата која е во сопственост на ЕВН, уредно ја регистрира и фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија – велат од компанијата за Плусинфо.

17.11.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега