Денеска во текот на денот ќе има привремени прекини на електричната енергија во неколку скопски општини, поради технички зафати на ЕВН Македонија, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Преглед на прекините:

  • Од 08:00 до 11:00 часот: Корисниците од ул. Павле Божинов во Гази Баба.
  • Од 08:00 до 12:00 часот: Корисниците од ул. 28 и ул. 30 од село Белимбегово во Илинден.
  • Од 08:00 до 13:00 часот:
    • Корисниците од ул. Мирче Оровчанец во Центар.
    • Корисниците од дел од ул. Петар Манџуков во Бутел.
  • Од 08:30 до 11:00 часот: Корисниците од ул. Индира Ганди 31 во Шуто Оризари.
  • Од 09:00 до 12:00 часот: Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници.
  • Од 09:00 до 13:00 часот: Корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма и Живинарска Фарма во Гази Баба.
  • Од 09:00 до 15:00 часот: Корисниците од дел од с. Глуво во Чучер Сандево.
Exit mobile version