Жителите од две скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија, станува збор за планирани интервенции во мрежата.
Во општина Аеродром, без електрична енергија од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр. 30.
Во истиот временски интервал, односно од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе нема и на улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари.

