Поради планирани технички зафати во електросистемот, делови од неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.

Според најавите, без струја ќе бидат следните локации:

  • Општина Бутел: Од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на ул. „1550“ (место викано Гериз) во индустриската зона Визбегово.
  • Општина Чаир: Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. „Стојна Стевкова“, како и дел од жителите на ул. „393“.
  • Општина Карпош: Од 09:00 до 15:30 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на ул. „Блаже Биринчето“.
Exit mobile version