Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат повеќе делови од Скопје.
Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, прекин во напојувањето ќе имаат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ (од број 19 до крајот на улицата кон бул. „Партизански Одреди“) во општина Центар. Во истиот термин без електрична енергија ќе бидат и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ – Фурна „Диме“, поранешните магацини „Центро“ и поранешната фабрика „ИГМ“ во општина Бутел.
Дополнително, од 08:40 до 09:40 часот, прекин ќе има и на дел од ул. „Козле“ во општина Карпош.
Како што соопшти Регионален центар за управување со кризи – Скопје, прекините се поради најавени технички зафати што ги реализира ЕВН Македонија.

