Еве како да го избегнете дебелеењето во текот на зимата

 

 

Во текот на зимата не е невообичаено просечниот човек малку да се здебели во постудените месеци. Впрочем, лекарите велат дека зимското дебелеење е вистинска појава. Навиките во исхраната, но и од зголеменото консумирање алкохол и седењето за време на празниците се причина за таквата појава.

„Го гледам тоа кај многу пациенти“ – вели ендокринологот д-р Кунал Шах за, со што се согласува и д-р Дина Пералта-Рајх: „Тоа е многу честа појава. Многу луѓе се здебелуваат за време на празниците, а потоа, во јануари, донесуваат новогодишни одлуки да ги изгубат.“

Што велат студиите за зголемување на телесната тежина во зима?

Во една студија на 195 возрасни, објавена во „Њу Ингланд Журнал за медицина“, луѓето биле мерени четири пати во текот на годината, благодарение на што истражувачите потврдиле дека многумина се здебелиле додека времето станувало постудено.

Во просек биле потешки за само 200 грама, но вишокот најмногу се акумулира за време на празничната сезона, па вкупната просечна добивка тогаш е околу 700 грама. Сепак, многу луѓе веднаш почнуваат да слабеат по празниците.

Зошто луѓето се дебелеат во зима?

Има многу различни фактори во игра.

„Луѓето јадат повеќе на празничните собири и посветуваат помалку внимание на тоа што јадат“ – забележува д-р Шах: – Многумина исто така имаат тенденција да пијат повеќе алкохол од вообичаено за време на празниците, што исто така може да доведе до зголемување на телесната тежина. А патувањето е почесто за време на празничната сезона, што може да ги натера луѓето да излезат од рутините за вежбање.

„Луѓето седат повеќе и немаат толку многу активности на отворено бидејќи е студено“ – истакнува Пералта-Рајх.

Исто така, постои теорија дека телото сака да складира вишок маснотии во постудените месеци од еволутивни причини – што произлегува од идејата дека храната некогаш била помалку достапна во зимските месеци – но тоа е само теорија во овој момент.

 

04.01.2024 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега