Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од досега

    10.03.2026 во 10:07

    СДСМ до власта: Веднаш да се намалат цените на горивата, каде завршуваат 3 милиони евра?

    10.03.2026 во 10:05

    ФОТО: Валентина и Марина ќе бидат погребани денеска – Таткото скршен од болка, спрема погреб наместо свадба, тага во Србија

    10.03.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од досега
    • СДСМ до власта: Веднаш да се намалат цените на горивата, каде завршуваат 3 милиони евра?
    • ФОТО: Валентина и Марина ќе бидат погребани денеска – Таткото скршен од болка, спрема погреб наместо свадба, тага во Србија
    • Крвава пресметка на паркинг во Вождовац: Банална кавга во сообраќајот заврши со избоден маж
    • Дизел кај нас 14,5 ден/литар – На светските пазари цената на нафтата драстично паѓа
    • Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион
    • Турција под ракетен напад од Иран: Распоредени системи „Патриот“ откако НАТО пресретна две балистички ракети
    • Македонец возел мортус пијан со 2 промили алкохол – Пробал да бега па направил сообраќајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток – Поаѓа автобус од Бахреин

    Евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток – Поаѓа автобус од Бахреин

    10.03.2026 во 09:141 Min Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера објави известување за македонските државјани во Бахреин дека во среда ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет организиран од Владата ќе се вратат во земјава.

    Според информацијата од Амбасадата, автобусот на Flynas ќе тргне на 11 март во 06:00 часот од Манама, Бахреин кон аеродромот King Khaled International во Ријад, од каде македонските државјани ќе продолжат со специјален лет за Скопје. Локацијата на поаѓање од Манама е наведена во известувањето на Фејсбук страницата на Амбасадата.

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, истакна дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој се очекува да биде завршен до крајот на неделата.

    На прес-конференција во Владата, Муцунски посочи дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. Тој нагласи дека со формирање кризен штаб и 24-часовна комуникација со македонските државјани во погодените области, целта е обезбедување на нивна безбедна, навремена и организирана евакуација.

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Драма во Македонија: Украл кола и куче, искршил банкомат, направил сообраќајка – „Малку му било” па претепал и полицаец

    10.03.2026 во 08:41

    Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа

    09.03.2026 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.