ЕСМ: Поради нагла промена на временските услови денес ќе има парно

 

Поради најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ за нагло опаѓање на надворешните температури, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука, за испорака на топлинска енергија.

Согласно одлуката, денес во попладневните часови компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

За информации, рекламации или пријави на дефекти, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

17.04.2024 - 17:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега