ЕСМ понуди повисока цена на струјата до ЕВН

ЕСМ понудиле 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум, а таа цена е за 17 проценти повисока од таа на последниот тендер.

На денешниот тендер за набавка на ел. Енергија за период од јули до декември се јавила само една компанија, а тоа е АД ЕСМ.

Регулаторната комисија е сега на ред да ги направи пресметките, а веќе е познато дека сите енергетски компании побараа зголемување на цените за услугите.

МЕПСО побара 68 отсто зголемување, додека Електродистрибуција бара до 80 отсто зголемување, па Регулаторна ќе ја донесе конечната одлука.

24.06.2022 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега