EСМ купувала струја во текот на вчерашниот ден

Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.110 MWh електрична енергија, информира Владата базирајќи се на податоци од диспечерскоот извештај на ЕСМ. Вообичаените соопштенија деновиве беа дека ЕСМ произвела струја доволно за домаќинствата и малите потрошувачи, што овојпат не е наведено во соопштението.

Во соопштението се навудува дека АД ЕСМ на во текот на вчерашниот ден произведе 10.092 MWh електрична енергија.

„Во Термоелектраните произведени се 7.692 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.400 MWh. Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.110 MWh електрична енергија“, се вели во соопштението.

18.11.2022 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа