Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран достигнаа критична точка откако Иран одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп со нови услови за отворање на стратешкиот Ормуски Теснец. Иранските власти порачаа дека преминот, низ кој поминува витален дел од светската нафта, нема да се врати во претходната состојба додека не биде воспоставен нов правен режим.

Мехди Табатабаеи, претставник од кабинетот на иранскиот претседател, изјави дека САД и Израел нема да имаат слободен пристап како претходно.

„Ормускиот Теснец ќе се отвори повторно само кога штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, објави Табатабаеи на социјалната мрежа „Икс“.

Од своја страна, Трамп преку својата платформа „Truth Social“ упати брутално предупредување до иранското раководство, поставувајќи рок до вторник навечер за целосно деблокирање на водите.

„Отворете го проклетиот премин, луди гадови, или ќе живеете во пеколот – САМО ГЛЕДАЈТЕ!“, напиша американскиот претседател, заканувајќи се со уништување на клучната иранска инфраструктура.

Exit mobile version