Општина Центар ја спроведува редовната есенска дератизација на целата своја територија, при што ќе бидат опфатени околу 2.000 шахти. Акцијата има за цел да го намали присуството на штетни глодари и да го спречи ширењето заразни болести.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека оваа активност е дел од редовните мерки за заштита на јавното здравје. Тој потсети дека пред неколку недели била спроведена и вонредна дератизација.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна Герасимовски.

Од Општината посочуваат дека за дератизацијата се користи препарат сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, наменет за контрола на штетниците, без ризик за другите животински видови.

Редовните третмани се дел од превентивните активности за одржување на хигиената и заштита на здравјето на граѓаните.

Exit mobile version