Ердоган удри жестоко: „Се надевам дека Франција ќе се ослободи од Макрон, тој ѝ е товар“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска пред репортерите во Истанбул рекол дека се надева дека наскоро Франција ќе се „ослободи“ од претседателот Емануел Макрон, опишувајќи го како товар за таа земја, која поминува низ тешки времиња.

Односите меѓу Турција и Франција се влошиле претходните месеци, прво поради излагањата околу политиката кон Сирија, а потоа и објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед, потоа и низа изјави и злосторства кои следувале, пренесува Ројтерс.

Анкара и Париз размениле обвинувања во врска со улогите во конфилктот во Нагорно-Карабах.

„Макрон е товар за Франција. Се надевам дека Франција што побрзо ќе се ослободи од проблемот наречен Макрон“, порачал Ердоган.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа