Ердоган: Турција продолжува да ги одржува дипломатските контакти со Русија и со Украина на највисоко ниво
Турција продолжува да одржува дипломатски контакти со Русија и Украина на највисоко ниво. Тоа денеска го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на телефонскиот разговор со холандскиот премиер Марк Руте.
Во разговорите биле разгледани турско-холандските односи и регионалните прашања, соопшти Кабинетот на турскиот лидер.
Претседателот Ердоган истакнал дека ги продолжува дипломатските контакти со Русија и Украина на највисоко ниво.
Дополнително, шефот на турската држава посочи дека „актуелната состојба на односите меѓу Турција и Европската унија не ги задоволува интересите на двете земји“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа