Ердоган: Нема да поддржиме влез на Шведска и Финска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јасно кажа дека нема да поддржат влез на Шведска и Финска во НАТО.

Претставници од двете држави наскоро треба да пристигнат во Турција за да разговараат за приговорите кои ги има Анталија.

„Прво, ние нема да поддржиме прием во НАТО на земји кои воведуваат санкции кон Турција“, кажа Ердоган.

Двете нордиски земји официјално потврдија дека ќе аплицираат за членство во НАТО, поттикнати од руската инвазија на Украина.

16.05.2022 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега