Ердоган не попушта: Турскиот лидер испрати јасна порака до Финска и Шведска

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во парламентот ги нападна западните сојузници затоа што не ја почитуваат ранливоста на Турција за тероризам и ги обвини Финска и Шведска, кои одбија да екстрадираат 30 лица обвинети од Турција.

„Баравме 30 терористи, а тие ни кажаа дека нема да ги предадат. Не сакаат да помогнат, а сакаат да се приклучат во НАТО. Нема да поддржиме безбедносна организација во која нема безбедност“, кажа Ердоган.

За да влезат Финска и Шведска во НАТО, нивното барање мора да биде ратификувано од сите членки на алијансата.

18.05.2022 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега