Случајната средба на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и италијанскиот премиер Џорџa Мелони на самитот за Газа во Шарм ел Шеик, Египет, е тема на коментари со денови.

Турските новинари се шегуваат затоа што добро го познаваат својот шеф на државата, кој често нема влакна на јазикот.

„Изгледаш одлично, прекрасно, но престани да пушиш еднаш“, рече Ердоган кога се сретна со Мелони за време на паузата на самитот, која во тој момент имаше цигара во раката.

Застана на момент, беше збунета, а кога се смири, му одговори со насмевка: „Не можам да се откажам од ова задоволство“ и на предупредувањето на Ердоган дека се загрозува себеси и другите, додаде: „Знам, знам дека е опасно, но не сакам никого да убијам“.

Претседателot на Турција, кој е познат како голем противник на никотинот, по кратка пауза, додаде: „Ќе морам да ве натерам да се откажете од цигарите“, на што францускиот претседател Емануел Макрон, кој го слушнал овој разговор меѓу Ердоган и збунетата Мелони, додаде: „Тоа е невозможно“.

Странските новинари кои на момент се најдоа во близина на двајцата државници, исто така беа изненадени.

Турските новинари добро го познаваат својот претседател, кој со години и децении води војна против никотинот и алкохолот во Турција. Во исто време, тој не штеди никого, дури ни членови на неговата влада кои се пушачи.

Exit mobile version