Ердоган им удри „шлаканица“ на Финска и Шведска: Не ги сака во НАТО

 

Турскиот претседател Реџеп-Таип Ердоган кажа дека не е можно Турција, членка на НАТО, да гледа позитивно на плановите на Шведска и Финска за влез во алијансата.

 

„Во парламентот има такви кои го поддржуваат тероризмот. Не можеме да гледаме позитивно на тоа“, рече Ердоган.

 

Во јули 2020 година, Турција остро го критикуваше видео разговорот меѓу шефот на шведската дипломатија и членовите на сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија, која Анкара ја смета за терористичка организација.

 

 

13.05.2022 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега