Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот за ослободените територии, рече дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.

Тој додаде дека е вознемирен од тоа што тие територии ќе бидат припоени кон Русија.

„Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија“ – рече Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.

Турскиот претседател им рече на новинарите дека нуклеарната војна би била катастрофа и дека дипломатијата е најправилниот чекор.

„Цената за преминување во нуклеарна војна е катастрофална. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да го декларираме. Дипломатско решение е најправилно“ – рече Ердоган.

 

29.09.2022 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега