Силното невреме ја фрли Романија во енергетски колапс. Министерот за енергетика, Богдан Иван, соопшти дека дури 11.250 домаќинства во пет окрузи останаа без електрична енергија. На терен се одвива вистинска драма – над 900 специјалисти со тешка механизација, па дури и со моторни санки, се обидуваат да стигнат до дефектите во планинските предели каде патиштата се целосно блокирани.

Иако властите ветуваат нормализација до крајот на неделата, стравот расте бидејќи доаѓа уште полошо време. Снежниот бран веќе го парализираше и железничкиот сообраќај, каде возовите доцнат и по пет часа, а Букурешт се соочи со сообраќаен хаос на првиот училишен ден во 2026 година.

Exit mobile version