Ен-Би-Си: Социјалните мрежи ќе чуваат евентуални докази за воени злосторства во Украина

Четворица американски демократи испратија официјални барања до извршните директори на Јутјуб, ТикТок, Твитер и компанијата -мајка на Фејсбук, Мета, барајќи од нив „да ја зачуваат и архивираат содржината“ што може да се користи како доказ за руските воени злосторства во Украина, јави Ен-Би-Си њуз.

Медиумот тврди дека има копија од писмото до извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во кое се повикува неговата компанија да помогне, „додека американската влада и меѓународните набљудувачи за човекови права и одговорност ги истражуваат руските воени злосторства, злосторствата против човештвото и другите злосторства во Украина“.

Според Ен-Би-Си, писмата ги потпишале конгресмените Каролин Мелони, Грегори Микс, Стивен Линч и Вилијам Китинг.

Ен-Би-Си вели дека конгресмените експлицитно побарале од компаниите на социјалните медиуми „да ја означат содржината која содржи потенцијални докази за воени злосторства и други злосторства“.

Се истакнува дека Јутјуб, ТикТок, Твитер и Фејсбук засега не одговориле на нивните барања за коментар.  

12.05.2022 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега