Емотивни зборови по смртта на сопругот: Се огласи Наташа Маза, сомнежите се загрижувачки

Сопругот на поранешната учесничка на реални шоуа и трансродна пејачка Наташа Маза, Есад Максимовиќ (39), починал на 2-ри јули. Иако од тогаш се поминати повеќе од 20 дена, српските медиуми оваа вест ја објавија дури денес.

Како што дознаваат медиумите, Наташа го погребала својот сопруг на 7 јули и секој ден го посетува неговиот гроб, му носи се што сакал да јаде и пие и често останува со часови да разговара со него.

 

Двојката беше во брак 12 години и на 20-ти август требаше да ја прослави 13-годишнината од бракот.

Пејачката се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук, кога со следбениците сподели дека доживеала голема трагедија.


Некои медиуми објавија дека се работи за самоубиство, иако тоа се уште не е официјално потврдено. Овие сомнежи разбудија голема загриженост кај неговите најблиски.

25.07.2023 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега