Емотивен статус: "Не е до Македонија, до луѓето е"
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески, сподели статус по трагедијата во Кочани во која за жал загинаа 59 лица, додека 160 се повредени.
- Кога ќе почнете да ја плукате оваа земја, сетете се дека климата е одлична, дека ветровите се благи, дека нема разорни урагани, цунами, торнада, активни вулкани и катастрофални земјотреси. Ова не е сушна земја, не сте жедни. Не е неплодна, ако семка падне од џебот – ќе никне нешто. Шумовита, ридеста, но не е ниту каменеста пустина, ниту џунгла со заразни болести. Сè е убаво, благородно, питомо...Тоа ви е од земјата. Маката е од луѓето. И оваа земја се вика Македонија – со своите прекрасни планини, езера, реки, плодна почва и традиција богата со вкусни јадења, песни и приказни. Земја што ни дала сè што ни треба за живот, но она што ја прави тешка – тоа сме ние, не таа. Не е до земјата, до луѓето е, стои во статусот на Ребека преземен од Маја Дукова.
Инаку, Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
Дел од повредените лица се на лекување во болниците низ Македонија и регионот.
По трагедијата, која е една од најтешките во поновата историја на Македонија, Владата прогласи седумдневна жалост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа