Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ема Стоун најубава позната жена во светот

    Ема Стоун најубава позната жена во светот

    17.11.2025 во 17:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ема Стоун е најубавата позната жена во светот, според нов труд заснован на древногрчкиот „Златен сооднос на убавината“, којшто ја мери „физичката совршеност“. Имено, „оскаровката“ од филмовите „Бедни суштества“ и „Ла-ла-ленд“, според наводите, има речиси совршен профил на лицето – 94,72 отсто од „Златниот пресек“, објави „Дејли мејл“ (Daily Mail).

    – Ема Стоун е јасен победник кога сите црти на лицето беа мерени во однос на физичката совршеност, објасни д-р Џулијан де Силва, кој го води британскиот Центар за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон.

    – Сосем нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што го прави некого физички убав, а технологијата е корисна при планирање операции за пациенти, објасни тој.

    Глумицата доби највисок резултат за веѓите меѓу своите „сопернички“ на топ-10 листата (94,2 отсто).

    – Натаму, таа има речиси совршена вилица со резултат од 97 отсто и убаво пропорционални усни со резултат од 95,6 отсто, објасни докторот.

    На списокот познати убавици се најдоа и Зендаја, Фрида Пинто, Ванеса Кирби, Џена Ортега, Оливија Родриго, Марго Роби, Ајшварја Рај Бачан, Танг Веј и Бијонсе Ноулс.

    „Златниот пресек“ е математичка равенка осмислена во антиката и претставува обид да се измери блискоста и далечината до „совршената убавина“ кај еден човек. Ја користел и италијанскиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.