Елена Ристеска ќе реализира концертна турнеја низ Македонија?

Најпознатата пејачка на македонската музичка сцена, Елена Ристеска се врати од Мајами, откако пред некое време објави видео на социјалните мрежи, во чиј опис напиша „Мајами, отсега ништо нема да ги раздели“. После тоа видео, неколку денови немаше ниту глас, ниту трага од македонската дива. Јавноста се прашуваше која е целта на нејзиното патување, дали засекогаш заминува или пак таму ќе ја доразвива својата музичка кариера. 

Но, само пред два дена Ристеска најави концертна турнеја низ Македонија преку социјалната мрежа „Инстаграм“. Враќањето го најави објавувајќи моменти од нејзиното пеење на познати балкански хитови. 

„Да ве потсетам на некои поубави времиња во музиката, на хитовите кои едногласно ги пеевме на концерти и песни кои се пуштаа на радио и телевизија.. Оваа 2022ра година навршуваат 20години од мојата победа на аудициите на М2. Дали сте спремни за концертна турнеја низ Македонија? Дали се’ уште ги паметите овие песни?“, напиша пејачката Ристеска. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

Пред овој пост и официјално го најави своето враќање на концертната музичка сцена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

26.09.2022 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега