Електричен автобус без возач почна да вози по улиците на Малага

Нов електричен автобус со систем за самостојно управување влезе во функција во Малага, Шпанија.

Автобусот, кој во саботата влезе во сообраќај, е опремен со сензори и камери и го поврзува пристаништето на Малага до центарот на градот од 8 километри (пет милји). Рута што ќе ја вози шест пати на ден.

-Автобусот во секое време знае каде е и што има околу него, рече Рафаел Дурбан Кармона, кој е на чело на јужниот оддел на шпанската транспортна компанија „Аванза“, кој го води јавниот и приватниот конзорциум зад проектот. Може да „комуницира со семафорите“, кои исто така беа опремени со сензори кои го предупредуваат автобусот кога ќе станат црвени, изјави тој за агенцијата Франс Прес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега