Инцидент се случил во 18:52 часот по локално време (13:22 GMT), кога возило марка Hyundai i20, во кое се наоѓале три лица, запрело на црвено светло кај метро-станицата Лал Кила, по што уследила силна експлозија.

Експлозијата се случила во близина на пазарот Чандни Чоук, еден од најпрометните делови на Делхи, кој секојдневно го посетуваат илјадници туристи.

Сведоци изјавиле дека „експлозијата била толку силна што стаклата на околните згради и метро-станицата биле скршени“.

На местото на настанот веднаш пристигнал специјален тим за деминирање, а областа е целосно блокирана и обезбедена од полицијата и армијата.

Полицискиот портпарол Санџај Тајаги потврди дека истрагата е во тек и дека засега не е познато што ја предизвикало експлозијата:

„Ги разгледуваме сите можни сценарија. Ќе биде потребна форензичка анализа на собраните докази пред да можеме да кажеме што точно се случило,“ изјави тој.

Министерот за внатрешни работи Амит Шах вечерта ја посети болницата Лок Најак (LNJP), каде што се згрижени повредените лица, и најави дека утре наутро ќе се одржи итен состанок со безбедносните служби.

„Во овој момент не можеме да исклучиме ниту една можност. Истражуваме сите агли,“ рече Шах, додавајќи дека земјата е во состојба на зголемена будност.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење и сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека лично ја следи ситуацијата.

По инцидентот, полицијата воспостави засилени контроли на сите влезови во Делхи, вклучително и на граничните премини со соседните сојузни држави

Exit mobile version